Солена торта со сусам
Белките ги матиме со миксер, а лимонот го цедиме и постепено го додаваме и лимоновиот сок. Откако ќе се добие потребната цврстина посолуваме. Ги додаваме пецивото, брашното и маслото и откако смесата ќе се соедини го исклучуваме миксерот. Ја нанесуваме смесата во четвртаста тава обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна,печеме 20 мин на 180 степени и ја вадиме од рерна.
Во тава на оган го потпечуваме сусамот. Во сад за матење со миксер го матиме маргаринот додека не стане пенест. Ги додаваме сусамот, буковата сол и сирењето и матиме додека филот не се соедини. Испечената кора ја вадиме од тавата и ја сечеме на 3 еднави ленти по широчина. Првата лента од кората ја премачкуваме со филот. Врз филот ја ставаме вторта лента и ја филуваме. Врз филот ја ставаме третата лента и целата торта ја премачкуваме со фил.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови