Од сите состојки измесете глатко тесто. Сплескајте го малку со рака и обликувајте го во четвртаста форма. Завиткајте го во најлон фолија и оставете го барем половина час во фрижидер.

На набрашнета површина развлечете го тестото и со помош на калапчиња вадете форми.
Наредете ги во плех обложен со пек хартија и печете ги на 180С 10-12 мин., при што се внимава да останат бели, да не отемнат.

Откако ќе изладат, растопете 100 гр чоколадо со малку масло и макајте ги колачите од двете страни. Ставајте ги врз пек хартија или некоја друга погодна подлога. Одозгора, врз стопеното чоколадо посипете со крупно мелени лешници или јаткасти плодови по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани