Пилешките гради исечете ги на коцки.
Цитронот исцедете го и сокот претурете го во подлабок сад.
Додајте го соја сосот, карито, малку сол и црн бибер.
Измешајте ја смесата и додајте ги коцките пилешки гради.
Измешајте и покријте го садот со најлонска фолија.
Ставете го садот во фрижидер да отстои 6-7 часа.
Откако месото ке отстои во маринадата ставете го во тава со малку масло да се запржи, а потоа додајте го остатокот од маринадата.
Оставете да крчка на тивок оган додека испари маринадата.

Сос
Во тенџере на оган ставете го млекото да се загрее, а потоа додајте го кашкавалот исечен на мали коцки, горгонзолата и пармезанот.
Со жица континуирано мешајте додека малку се згусти.

Подготвеното месо послужете го топло прелиено со млечниот сос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани