Испечати

Суви колачи со вкус на цитрон

Суви колачи со вкус на цитрон

Состојки

  • 250 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 1 јајце
  • 65 гр маргарин
  • 5-6 лажици сок од цитрон или вода
  • 1 ампула арома од цитрон (или рендана кора од цитрон/лимон)
  • за чоколадирање
  • 100 гр чоколадо
  • 3 лажици масло
  • 50на гр ситно сецкани лешници (ореви или бадеми)

Подготовка

Од сите состојки измесете глатко тесто. Сплескајте го малку со рака и обликувајте го во четвртаста форма. Завиткајте го во најлон фолија и оставете го барем половина час во фрижидер.

На набрашнета површина развлечете го тестото и со помош на калапчиња вадете форми.
Наредете ги во плех обложен со пек хартија и печете ги на 180С 10-12 мин., при што се внимава да останат бели, да не отемнат.

Откако ќе изладат, растопете 100 гр чоколадо со малку масло и макајте ги колачите од двете страни. Ставајте ги врз пек хартија или некоја друга погодна подлога. Одозгора, врз стопеното чоколадо посипете со крупно мелени лешници или јаткасти плодови по желба.