25
окт
2020
Солени мафини со семиња
Брзи,вкусни и едноставни се овие мафини.Мешавината на Фантазија е одлична, а во пакувањето има и кесичка со семиња(сончоглед,тиква,лен...30 грама)
Во сад се става мешавината за тесто, јајцата, водата и маслото. Се мати со миксер додека се добие изедначена смеса.
Се додава една лажица од семињата, рендано сирење и ситно сецкана сланина.
Хартиени калапи се ставаат во тавата за мафини. Тестото рамномерно се распоредува во калапите. Од прилика по една и пол лажица. Згора се наросуваат со остатокот од семињата
Се печат околу 25 до 3о минути во загреана рерна на 180 степени.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови