Солени мафини со семиња ( во апарат на топол воздух )
Еден од моите најомилени рецепти, затоа што можам да го спремам на брзина ,без да ми одземе многу време. Миксер не употребувам,само маталка со која ќе ги соединам сите состојки. Ги сакам мафинкиве затоа што во нив има толку многу семиња, многу здравје.
Ајде да ги спремиме.
1. Ставете ги сувите состојки во една мала чинија. Додадете ги и семињата, па промешајте. Во друг сад измешајте ги јајцето со јогуртот, па постепено додавајте од чиничето со суви состојки. Штом се е добро промешано,тогаш наполнете ги калапите за мафини.
2. Јас ги наредив во апаратот за готвење на топол воздух Аир Фраер. Го вклучив на 180 степении ги оставив 20минути. Кога помина времето, имав преубави мафинки.
Ги искористив за појадок, но би ви ги препорачала и како ужинка.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови