Се зафака квасецот со шеќерот, млекото и брашно од тој килограм и се чека да се активира. Потоа се замесува средно меко тесто со сите други состојки. Се остава на топло да го дуплира волуменот.
Надојденото тесто се префрлува на побрашнета работна маса, се отвора кора со благо притискање на оклагија, чија дебелина е колку на малото прсте. На едната половина од кората се обележуваат кругови со модлата со која ќе сечеме, во средина им се става филот, па се преклопува со другата половина од кората.
Се сечат формите-крофните.
Се оставаат да надојдат, на набрашнета подлога, покриени со чаршав.
Се пржат во загреана мрснотија, со страната што надојдуваше нагоре, значи во маслото оди страната што беше на подлогата, а потоа се превртуваат и од другата страна.
Топли се наросуваат со пармезан...
Пријатен апетит!!!!

*Модлата со која сечеме да биде со оштри ивици, се намакува во брашно.
Масло во тавата да има доволно, но не многу, туку лесно да пливаат, всушност половина од крофната да биде во масло, се разбира да не биде и премалку да го допираат крофните дното, притоа ќе загорат.
Јас кога ќе ги ставам во загреаното масло ги плискам со лажица од маслото и тие многу убаво збуфнуваат. Се пржат на умерен оган. Ги вадам на кујнска хартија за да се впие вишокот на мрснотија.
Не ја заборавајте чепкалката за заби во маслото-така маслото помалку ќе ни гори...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани