Кромидот и лукот се запржуваат во загреано тавче. Се додаваат бататите, жолтата бабура, кари во прав, млекото и солот. Се вари на умерен оган. На крај се додава јаболко исецкано на коцки.
Во меѓувреме се вари грашокот. Кога е готов, се пасира или миксира со стапчест миксер. Во посебен сад ставаме едно јајце и брашно (две лажици), мешаме, го додаваме испасираниот грашок, сол и бибер. Ја мешаме целата содржина од која формираме ќофтиња кои ги пржиме во тавче на загреано масло на умерен оган. Се сервира заедно со карито.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови