26
апр
2014
Слатко задоволство во чаша
Се мешаат мешавината од бисквити и чоколада и се ставаат настрана.
Се прави белиот фил со матење на изварката со шеќерот и лимонот.
Се додава избиената слатка павлака и се става наизменично во сите 6 чаши малку од бисквитите, малку од белиот фил.
Настрана се вари филот од вишни. Во водата се додава шеќерот да проврие и да се истопи шеќерот. Се додаваат вишните и се варат 10мин. Настрана се меша пудингот со 1 лажица густин и се додава во вишните. Се вари додека се згусне. Се става по 2 лажици во секоја чаша. Се декорира.
Лиценца: Сите права се задржани