Слатко задоволство
Прво се прави тестото. Се мешаат со лажица сите состојки и се ставаат во тавче да се печат на 180 степени околу 20 тина минути. Се остава убаво да се излади тестото, па се рони на ситни парчиња.
На страна се ставаат на оган 500мл слатка павлака и 300 гр чоколадо за готвење и малку шеќер. Се меша додека не зоврие и додека потполно не се стопи чоколадото. На крај се додава маргаринот. Оваа смеса се додава на тестото, се меша убаво со лажица и се додаваат сецканите јагоди. Смесата се става во калап и се остава да се стегне убаво во фрижидер(во замрзнувач околу 45 мин)
Во меѓувреме се подготвува ганашот(200мл слатка павлака,100гр чоколадо на оган се додека не зовријат).Се вади тортата од фрижидер, се полева со ганашот и се враќа повторно во фрижидерот уште 30 тина минути. Се сечи на парчиња по желба и се ужива во прекрасниот вкус. На прв поглед изгледа сложено и тешко и не сметајки го времето дури се чека да се стегне ептен брзо се прави.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови