Слатко задоволство во чаша
Состојки
- Потребно за 6 чаши
- Фил со вишни
- 250 гр вишни
- 100 мл вода
- 4 лажици шеќер
- 20 гр пудинг (половина кесичка)
- 1 лажица вода
- Бел фил
- 200 гр крем сир (јас ставив изварка)
- 150 гр шеќер во прав
- 1 лажица сок од лимон
- 200 мл слатка павлака
- Мешавина од
- 6 лажици мелени бисквити
- 50 гр црно чоколадо
- декорација вишна,бела чоколада...
Подготовка
Се мешаат мешавината од бисквити и чоколада и се ставаат настрана.
Се прави белиот фил со матење на изварката со шеќерот и лимонот.
Се додава избиената слатка павлака и се става наизменично во сите 6 чаши малку од бисквитите, малку од белиот фил.
Настрана се вари филот од вишни. Во водата се додава шеќерот да проврие и да се истопи шеќерот. Се додаваат вишните и се варат 10мин. Настрана се меша пудингот со 1 лажица густин и се додава во вишните. Се вари додека се згусне. Се става по 2 лажици во секоја чаша. Се декорира.