Слатки цветови
Постапката за подготвока на ова тесто е едноставна, тука до израз доаѓа неговото креативно составување во вид на цвет, ова секако можете да го претворите лесно во солена варијанта.
Од состојките за тесто се меси смеса, која кога се обликува се остава да се отстои во фрижидер добри 35-40 мин.завиено во фолија за свежо. На побрашнета работна површина се развива тенка кора 3-4мм. се премачкува со еурокремот кој треба да е добар за мачкање и најгоре на ситната страна од ренде се ренда чоколадото. Се сечат лентички од подолгата страна на кората со широчина од4мм.(ова секако зависи од големината на калапот во кој ќе ги печите) моите калапчиња се со средна големина 24 на број. Од секоја лента се формира ролатче, произволно по ширина, така што ќе ги споите три на број едно до друго, со краевите кон средината на калапот за да не ви се отворат при печењето, но тие и онака нема многу да надојдат. Пред печење се става по 1 мало лажиче топен маргарин и се печат на 180, нека заруменат, потоа се валкаат со шеќер во прав....на здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови