Во тенџере на оган се ставаат водата, шеќерот, маргаринот, алвата да провријат 3-4 минути и да се соединат. Се додаваат мелените ореви и убаво се промешува.
Се нанесува од смесата на ливчината обланда, во средината се ставаат зрна чоколадирани кикирики и се виткаат мали ролатчиња.
Се оставаат на воздух да се просушат и потоа се сечат на парчиња долги по 5 см, врвот од едната страна се потопува во растопено чокололадо, а потоа во кокос.
Се оставаат да се просушат и се сервираат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани