Испечати

Слатки пури со таан алва

Слатки пури со таан алва

Состојки

  • 300 гр шеќер
  • 100 мл вода
  • 200 гр таан алва
  • 100 гр чоколадни кикирики за полнење
  • 2 листа обланда, пресечени на 3 еднакви дела
  • 100 гр растопено чоколадо за валкање
  • 50 гр кокос
  • 50 гр маргарин

Подготовка

Во тенџере на оган се ставаат водата, шеќерот, маргаринот, алвата да провријат 3-4 минути и да се соединат. Се додаваат мелените ореви и убаво се промешува.
Се нанесува од смесата на ливчината обланда, во средината се ставаат зрна чоколадирани кикирики и се виткаат мали ролатчиња.
Се оставаат на воздух да се просушат и потоа се сечат на парчиња долги по 5 см, врвот од едната страна се потопува во растопено чокололадо, а потоа во кокос.
Се оставаат да се просушат и се сервираат.