Подготовка:

1. Прво го правиме делот од тиква. Тиквата ја вариме, ја блендираме, па додаваме шекер во прав, цимет 200 мл.слатка павлака. Сè заедно матиме. Ставете желатин во ладна вода. Откако ќе набабри, растопете го и додајте го кај тиквата.

2. Садот во кој ште ќе ја правите тортата, обложете со најлонска фолија и истурете дел од тиквата. Ставете го садот во фрижидер, да се стегне.
3. За белио фил -  300 мл. слатка павлака изматете, додајте стопено бело чоколадо промешајте, додајте желатин и шеќер во прав (ако не вие благо). Истурете белиот фил врз делот со тиквата. Ставете во фрижидер да се стегне.
4. За подлога - Изблендирајте бисквити и растопете путер. Додајте го растопениот путер во бисквитите, заедно со шеќер во прав и млеко. Замесете смеса. Оваа смеса ставете ја врз белиот фил и повторно, 
целата торта назад во замрзнувач, да замрзне. Украсете ја тортата со шлаг и чоколадо.
*Забелешка - Пред сервирање извадете ja тортата, оставете на 20 минути на собна температура. Сечете со натопен нож!
Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани