Најпрво млекото заедно со шеќерот се става да зоврие.
Во меѓувреме желатинот се раствора во млака вода (од прилика 1 чаша) и се додава откако млекото ќе зоврие. Се става во фрижидер да олади 7 часа.
Откако ќе олади се додаваат во млекото со желатин петте пакетчиња шлаг крем и се матат со миксер, потоа се додаваат сецканите желе бомбони и сецканото чоколадо. Во калап за торта ставаме половина од смесата и ги редиме крембананите, па го додаваме преостанатиот фил.
Се остава во замзнувач да се стврдне како сладолед.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови