Сируп за смирување сува кашлица од кромид и мед
Малку чудно е што кромид е лекот, но испробано кај нас дома, а и сите мои другарки кои го пробале биле презадоволни.
Начинот на подготовка е лесен.
Во мало тегличе со капак кој што убаво се затвара се ставаат круговите кромид. По секое кругче кромид сипете мед колку да го покрие кромидот. Правете го ова додека не се потрошат тркалцата кромид, затворете со капакот и оставете го да одстои. По 5-6 часа ќе се добие течност (сирупот) и готов е за употреба.
За мали деца дозата е по три пати на ден мало лажиче, а за возрасни дозата е три пати на ден голема лажица.
Смирува кашлица за многу кратко време, пократко од 24часа. Се користи ден два по смирување на кашлицата. Со оглед на тоа дека е природен лек, нема временско ограничување за користиење, се користи додека има потреба.
Јас на пилиштарциве зимава им го давав и кога не кашлаа, како зајакнувач на имунитетот. Благо е на вкус, па не правеа проблем за зинување и го таманеа.
Неколку пати им додадов и лук, медот ја камуфлираше смрдеата од лукот, па и така го таманеа=))
Пожелно е да се приготвува во помали дози, за да не изветрее, а и готов е брзо, па нема потреба да се приготвува во големи дози. Може да го чувате во фрижидер, иако кај нас на зима стоеше и на собна температура и немаше гајле, вие стаете го во фрижидер за да спиете мирно.
Потрудете се да користите лут кромид, полековит е.
И уште една финта со кромид која е ЕКСТРЕМНО ефикасна за затнат нос кај возрасни и деца.
Се сецка кромид на четвртинки и се остава покрај перницата, креветчето што е можено поблиску додека се спие. Носот се одзатнува, па тој што е болен има помирен сон. Како и за сирупот, така и за финтава пожелно е кромидот да е лут.
Испорбано во период кога сите четворица по дома не сокапа вирус, бздеше куќава на кромидоина, ама шап ме габри, за 3 дена бевме џам =))
Лиценца: Сите права се задржани
ако нешто не си многу емотивен, а се бара од тебе да бидеш, кромид му е мајката :) :) :) :)
правеа моите за внук ми некој рецепт со варење на кромид лимон и рузмарин и ептен беше ефикасен, ама не сум го приготвила за да го сликам и поставам :)
љиљо, фала за информацијва, денот ми се разубави што знам дека некому помогнал рецептов :)