30
окт
2013
Сирник од јуфка
Водата и млекото се мешаат и се ставаат да зовријат. Така зовриени се налеваат врз јуфката која е наредена во калап-тавче. Се додава и неколку лажици масло и јуфката се меша колку да биде покриена со течност.
Јајцата се матат со павлаката, а потоа се додава и сирењето изрендано. Биеното сирење исто се ренда и малку се остава за одозгора.
Смесата од јајца и павлака се налева врз јуфката, се меша убаво и тавчето се става да се пече во загреана рерна. Се пече околу 20 минути.
Зачини може по вкус, но јас не ставам затоа што сметам дека сирењето дава така убав вкус и мирис.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела