Домашно си е домашно.
Традицијата на правење домашна јуфка кај нас е стара. Порано секогаш јуфката се сукаше и се сечеше со нож. Тоа беше посебен ден кога две-три тетки заедно со мојата мајка си доаѓаа секоја со своето сукало, па тука имаше добро дружење, по некоја шега и многу јуфки. Затоа мислам дека убавината не е само во тоа да се касне домашна јуфка туку тука е и дружењето.
Денес најчесто јуфката се прави со машинче и овој рецепт тука е баш за таква јуфка.
Начинот на правење со машинче верувам на сите им е познат затоа кратко ќе го напишам.

Јајцата се кршат во поголем сад и се матат заедно со млекото и маслото. Брашното убаво се сее низ сито, се додава сол и постепено се замесува. Смесата од јајца се истура кутлача по кутлача и се меси.Одкако ќе се замеси убаво тестото се бие додека не почнат меурчиња да излегуваат.
Тестото се дели на малечки топчиња кои пак се изработуваат и се поминуваат низ машината прво низ 3, па низ 6 и на крај се сечат на 6.
Одкако ќе се исечат убао се ставаат на чисти покривки да се сушат и се покриваат со газа или завеса за да се заштитат од инсекти. Јуфката треба убаво да се исуши, а потоа се собира во хартиени или платнени торбички.
За да не побели јуфката сушејќи се, треба да се суши под сенка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела