Меленото месо се замесува со зачин и црн бибер по вкус и од него се прават ситни ќофтенца.
Свинското месо се сецка на парчиња и се запржува на врел зејтин да фати коричка. Во истиот зејтин се запржува сецканиот праз, морков и сувите пиперки. Се пржат додека не омекнат. Се додаваат печурките и се запржува уште 10 минути.
Во поголема тава се става месото а врз него се истура зеленчукот. Се додаваат зачините, ловорот, компирот исецкан на поситни коцки и целиот зарзават се налева со виното и 1чаша вода. Убаво се меша да се соедини и се става во рерна да се пече. Се покира со фолија и се пече околу 40 минути на 200 степени. На крај фолијата се одстранува и кон тавата се додава ретка запршка (1лажица брашно се пропржува на малку зејтин па се додава 1лажица црвен пипер). Запршката се додава по желба, а и не мора. Се пече уште 10 минути и ручекот е готов.Оваа количина е поголема доволна за еден семеен ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани