Семејна пита
Подготовка на тестото. Во длабок сад го рендаме маргаринот додаваме јајце, сол павлаката и мајонезот го додаваме и брашното со малку пециво и месиме тесто. Тестото го замотуваме во најлонска фолија и оставаме во ладилник додека да го подготвиме филот.
Во малку масло го пржиме исецканиот кромид додека да омекне и малку порумени, па ја додаваме и шунката исецкана на лентички. Ја пржиме малку и тргаме на страна. Со малку масло намрсуваме плек бр 30 и го вадиме тестото од ладилник го расукуваме да ги опфати и страните на плекот го ставаме во плекот и набодуваме со вилушка на неколку места. Со кечапот и сенф го премачкуваме тестото, па ги додаваме испржениот кромид и шунка и исецкани кисели краставички.
Во еден сад ги ставаме јајцата, павлаката, мајонезот, кашкавалот, лукчето и се заедно измешаме да се соедини и сипуваме кај тестото врз филот од шунка убаво изедначуваме. Печеме во претходна загреена релна на 180 околу 40 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови