Испечати

Семејна пита

Семејна пита

Состојки

  • потребни состојки за тесто
  • 125 гр маргарин
  • 0,5 лажичка сол
  • 200 гр брашно
  • 1 јајце
  • 1 лаж мајонез
  • 1 лаж павлака и малку пециво
  • потребни состојки за полнење
  • 2 главици кромид
  • 300 гр шунка
  • 2 до 3 лаж кечап
  • 1 лаж сенф
  • 4 јајца
  • 200 гр мајонез( од кои една лажица сте додале во тестото)
  • 3 лаж павлака
  • 50 гр кашкавал може и сирење
  • 2 ,3 чешчиња лук
  • 50 гр кисели краставички

Подготовка

Подготовка на тестото. Во длабок сад го рендаме маргаринот додаваме јајце, сол павлаката и мајонезот го додаваме и брашното со малку пециво и месиме тесто. Тестото го замотуваме во најлонска фолија и оставаме во ладилник додека да го подготвиме филот.

Во малку масло го пржиме исецканиот кромид додека да омекне и малку порумени, па ја додаваме и шунката исецкана на лентички. Ја пржиме малку и тргаме на страна. Со малку масло намрсуваме плек бр 30 и го вадиме тестото од ладилник го расукуваме да ги опфати и страните на плекот го ставаме во плекот и набодуваме со вилушка на неколку места. Со кечапот и сенф го премачкуваме тестото, па ги додаваме испржениот кромид и шунка и исецкани кисели краставички.

Во еден сад ги ставаме јајцата, павлаката, мајонезот, кашкавалот, лукчето и се заедно измешаме да се соедини и сипуваме кај тестото врз филот од шунка убаво изедначуваме. Печеме во претходна загреена релна на 180 околу 40 минути.