Семејна тава со праз и печурки
Свинскиот врат се сече на коцки.
Меленото месо се замесува со зачин и црн бибер и од него се прават многу ситни ќофтенца (колку лешник).
Дименото месо се сече на поситни коцки.
Празот, морковот и сувите пиперки се сечат на парчиња.
На загреан зејтин во поголема тава се запржува вратот да поцрвени од сите страни.
Во истата маснотија се пржат и ќофтенцата.
Месото се префрла во земјена тава или керамичка и во маснотијата се динстаат морковот, празот и сувите пиперки околу 15 минути. На крај се додаваат и печурките и компирот и се запржува околу 10 минути. Се зачинува, се додава и една лажица брашно, се пропржува и се истура врз месото во тавата.
Убаво се меша целата содржина, се додава ловоровиот лист, буковецот и тавата се пече во загреана рерна околу 40 минути. Се ваѓа на кратко, се налева со виното и се враќа во рерна уште 20 минути.
Виното по желба може и бело и црно. Јас за ваква тава редовно користам црно вино.
Тавата изгледа доста голема ама за ххл семејство и семеен ручек е таман.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела