Подготовка
Месото и џигерот ги сецкаме на парчиња коцки, ги ставаме во тенџер, налеваме со вода, додаваме сол и ставаме да се сварат.

Во тава со масло го додаваме празот исецкан ситно, морковот исецкан на кругови пиперките на парчиња. Јас употребив ајвар пипер, а може и зелена. Го додаваме и лукот, пропржуваме кратко, додаваме вода околу 70 мл, поклопуваме и оставаме да се динста додека да испари водата. Тогаш го додаваме обварениот џигер и месо зачинуваме со бибер, мешан сув зачин, сол, на кратко промешуваме и поклопуваме.

Така продолжуваме да пржиме додека месото и џигерот добијат убава боја. На крај го додаваме магдоносот, промешаме на кратко и тргнеме на страна. Потоа може да се сервира.