![Свински гулаш](https://moirecepti.mk/content/uploads/2022/12/318902925_1802312206809920_449123183481475712_n-0d0e3f-800x600.jpg)
Свински гулаш
1.Свинската удина ја сечам на коцки.
Кромидот го дробам, исто и пиперките, лукчето го сецкам ситно, а морковот го рендам.
2.На плитка мрснотија го ставам месото, кромидот, заедно со останатите подготвени состојки и сол по вкус, промешувам, покривам со капак и оставам на среден оган да се готви.После 10-15 мин., го додавам виното и налевам малку вода.Се промешува и се продолжува со готвење на умерен оган, со постепено додавање на вода.
3.Се готви околу 2 часа, додека месото убаво омекни, покриено, со повремени мешања и додавање по малку вода.Подобро е да се протресува тенџерето, а, не да се меша многу, за месото да остани цело.
При крај се додава доматата, (можи и помалку од наведената количина, по вкус), пиперите, мешаниот сув зеленчук, ловоровите листа.
Се крчка уште 15-на минути.
Прилог по желба.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Nazdravje da vi e i vas