Сарма со сланина
Кромидот ситно исечкајте го и ставете го во една длабока тава со малку зејтин да се пржи. Кога ќе стане стаклест додадете го меленото месо. Иситнете го месото добро и пржете додека не добие кафеава боја. Додадете го мешаниот сув зачин и биберот, па продолжете кратко со пржењето. Ставете го мелениот црвен пипер, кратко пропржете и додадете го оризот, вратете повторно на оган и испржете ја смесата добро (не многу долго). Оставете малку да се излади.
За тоа време, одвојте ги листовите од зелката и исечете ги површински дебелите бели жили. На секој лист ставајте по 1,5-2 лажици од месото и виткајте ги сармите. Редете ги збиено во големо и длабоко тенџере. Малку притиснете ги во дланката пред да ги редите во тенџерето за да бидат покомпактни и да не се растураат во варењето. Врз сармите наредете ги листовите од сланина, поклопете со едно тањирче и малку притиснете ги одозгора. Налијте вода колку да се покрие сармата и ставете да се вари. Се вари на ниска температура околу 2,5-3 часа. Повремено доставајте вода. На крај, по желба може да ставите запршка.
Лиценца: Сите права се задржани
Fala vi za komentarite :)