Сарма со сланина во земјена тава
Храната подготвена во земјена тава е мојата омилена.
Поготово кога се работи за кисела зелка.
Овој рецепт чека долго време да биде напишан, па мислам дека сега му е и времето и местото.
За подготовка на оваа вкусна сарма,го излупив и го исецкав кромидот и празот.
На масло го запржив прво кромидот, па кога ја доби својата стаклена боја, го додадов празот.Го оставив да се издинста убавко,а потоа го додадов меленото
месо и оризот.Пржев да си дојде смесата растресита, да не биде споено месото само со себе.
Зачинив со црвен пипер,буковец,црн бибер и сол.
Листовите кисела зелка ги припремив за подготовка на сармата.
Прво ги распослав на чинија па им го извадив средишниот дел,кочанот.
Така подготвените листови ги полнев со зајрето кое го спремив претходно.
Како ги виткав топчињата, така ги редев во тава, на која газарот го обложив со листови кисела зелка и сланина.
Откако ја наредив во тавата,ја покрив прво со листови сланина,а потоа со листови зелка.
Ја полив со 300 мл расолница,а потоа додадов вода, за да не дојде многу солена сармата.
Ја покрив со земјен капак и ја оставив да крчка.
Кога веќе е варена сармата го извадив капакот да се испечеи од горе сармата, да добие малку боичка.
Ја служев сармата со печени суви пиперки.
На здравје да ви е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови