Преубав неделен ручек.
Подготовката оди вака.
Прво свинската коленица се става во тенџере со ладна вода да одстои околу еден час.
Таа вода се исфрла.
Е сега може коленицата да се извалка во брашно и да се запржи од сите страни.
Или може да се стави во тенџере на оган, да се додадат сол, ловоров лист, бибер и да се вари еден час.
Јас го избрав вториот начин.
Сега во земјеното тавче се ставаат маста и маслото да се загреат.
Се додава ситно сецканиот праз да се запржи.
Му се додаваат морковите, пашканатот, ливчињата целер.
Нека пржи уште 1-2 минути.
Јас овде додадов 4 лажици од лутата апетитка ( по рецепт на Теофанија).
Но може да се додаде 2 домати црвени и 1 лута везена пиперка.
Се додаава црвен пипер, ловоров лист, зачин, бибер.
Се лупат 2 компири и тие се додаваат во тавата.
Сега се налива црвеното вино и околу 300 мл од процедената течност каде што се вареше коленицата.
Се става и коленицата и двете парчиња димена сланина,
Вака спремно оди во релна загреана на 150 степени и нека крчка на тивко од 2-3 часа.
Едноставно заборавете го ручекот.
До колку имате и шпорет на дрва тоа би било одлично.
На тивко нека крчка се додека месото не се распадне и зеленчукот да се свари.
Уште треба топло лепче и чаша црвено убаво вино.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани