Сарма од кисела зелка, со праз и сланина
1. Прво од главицата зелка убаво ги чистиме листовите од задебелените делови, односно кочаните. Сега во тава налеваме масло, додаваме праз и пржиме неколку минути. Додаваме ситно сецкана сланина и пак запржуваме заедно. Го додаваме и измиениот ориз и пржиме уште 1-2 минути. Тргаме на страна и оставаме да се излади, Тука додаваме сол, бибер, зачин, црвен пипер и месо. Со рака убаво ја соединуваме цела смеса.
2. На дното на пекач поставуваме ситно сецкан расол. Потоа виткаме сарми, на стандарден начин.
На секој лист ставаме по 1 полна лажица од филот, краевите на листот ги завиткуваме навнатре и заролуваме. Вака подготвените сарми ги редиме во пекач, ги покриваме со листови зелка. По желба ставме парченца сланина меќу сармите. Јас ја ставив коската од чадените ребра.
3. На оган загреваме течност, одприлика , околу 400-500 мл, пола вода, пола расолница.
Со течноста ја прелеваме сармата. Покриваме со капак и го оставаме пекачот во релна да крчка на тивко, на 150, 160 с околу 2 часа. По потреба прелеваме со загреано масло, на тивок оган во кое сме додале црвен пипер, за сјај,
Сервираме топла и уживаме.
Лиценца: Сите права се задржани
Slaninata i dava poseben smek
Isto i prazot
Moze namesto slanina da se stavi sitno seckan caden kolbas
Фала
Но еве веќе 30 години ја правам вака, по Тиквешки
Ја обожаваме
Но и овај рецепт изгледа примамлив многу :)