Сарма со димени ребра и сланина
Во тава на оган го ставаме ситно сечканиот кромид да се пржи заедно со ситно сецканата сланина,го додаваме и меленото месо па посоливаме. Откако малку ќе се пропржи меленото месо, го додаваме оризот, зачинуваме со мирудија, магдонос, црн и црвен пипер. Го допржуваме уште 2-3 минути и го тргаме од огнот. Од зелката вадиме лист по лист и постепено го отстрануваме кочанот (цврстиот дел). Секој лист зелка го ставаме во жешка вода за малку да омекне, а потоа на листот зелка ставаме од меленото месо и мотаме сарми (со големина по желба). На дното од длабокото тенџере во кое ќе се прави сармата ставаме неколку листови зелка јас ситно ги сецкам листовите како за вариво, а потоа врз неа ги редиме сармите една до друга, и пак ставаме листови зелка.Помеѓу сармите ставам тенки парчиња димени ребра. Ако зелката во која ја мотавме сармата е свежа, тогаш сармите ги прелеваме со расолница, а ако е кисела тогаш ги прелеваме со вода. Тенџерето го поклопуваме и го ставаме на тивок оган околу 2 часа. Откако ќе се свари сармата, можеме да направиме запршка (во тавче ставаме масло за јадење и една лажица брашно, оставаме малку да зарумени и потоа налеваме малку вода, оставаме да се згусти). Сармата ја редиме во традиционална македонска земјена тава за печење, ја прелеваме со запршката и ја ставаме во рерна околу 10 минути да се потпече на 200оС. да се вари 2-3 часа на умерена температура од 150°С.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани