Печевме голем, див лосос на скара и ми останаа две парчиња.
Ми беше жал да го фрлам, бидејќи беше прекрасен.
Па двете кременадли кои останаа убаво ги исчистив и месото го иситнив.
Орзо тестенината ја сварив во вода со малку сол, а пред крај го додадов и цветот на брокула да вари 2 минути.
Процедив.
Во сад ги соединив сварената и изладена орзо тестенина, месото од див лосос, ситно сецканата краставица, сецкан црвен домат, исчистен од семките, сецканата брокула.
Бидејќи лососот беше мариниран и зачинет пред печењето, додадов само сок од лимон и малку бибер.
Убаво соединив се, оставив во фрижидер на 30 минути, па послужив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани