Печен лосос
Лосост се чисти и се мие под млаз вода. Најчесто се продаваат со одстранета глава, но доколку не е, одстранете ја.
Во внатрешниот (средишниот) дел од лососот се ставаат сецкани моркови, магдонос, лук и зачини. Се премачкува со масло и се става во тава за печење. Во тавата се става малку масло, 1 чаша бело вино и 1 чаша вода. Се остава да се пече 1 час на 150 степени.
Прелив за лосос (риби)
Чешнињата лук толчат со сол. Во нив се додава маслото, оцетот и малце вода за да се разблажи оцетот. На ситно се сецка магдоносот и сето тоа се меша. Може да се додаде и малце црн бибер.
Врз печениот лосос се ставаат кругчиња лимон и се прелева со преливот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови