Филетите лосос ставете ги во тава обложена со пек-хартија. Посолете ги и побиберете ги спема вкус. Ставете ги во загреана рерна на 200 С да се печат 15на минути, не повеќе.

Во меѓувреме измешајте ги мајонезот, сенфот и тартар сосот. Додадете прстофат шеќер, сол и бибер по вкус и лимоновиот сок.

Извадее ја рибата од рерна и одозгора ставете по 1 лажица од подготвениот прелив. Одозгора наросете со искинати ливчиња свеж босилек.
Вратете ја тавата во оган и печете уште 5-7 минути на истата температура.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови