Подготовка:

1. Парчињата лосос оставете ги да одмрзнат. Водата истапкајте ја со кујнска хартија.
Кога филетите се суви, попрскајте ги со сол и црн бибер, а потоа со многу малку маслиново масло.
2. Наредете ги во апаратот на топол воздух. Уклучете ја посакуваната програма и оставете нека се подготват.
3. Зеленчукот се сецка на поситни парчиња. Руколата се кине со рацете, се промешува со наутот и пченката. Се зачинува со маслиново масло.

Се сервира пола чинија салата, пола чинија риба.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови