Тиквиците исечете ги надолжно со дебелина од околу 5мм. Ставете ги малку да се пропржат на масло за да омекнат, но не да бидат препржени. Ставете ги на салфета за да се исцедат. Сирењето исечете го на тенки парчиња. Ставете од парчињата сирење врз парчињата тиквички. Врз секое парче врз сирењето ставете тенко исечена четвртина домат, а врз доматот маслинка. Вака наредените тиквички завиткајте ги во ролнички и краевите затворте ги со чачкалици. Скратете ги на врвовите чачкалиците и секоја ролна извалкајте ја во сусам. Вака подготвенеите роловани тиквици ставете ги на загреано масло да поруменат од двете страни. Послужете ги по избор како предјадење. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови