Ролнички со фил од праска
За подготовка на тестото
1. Млекото со шеќерот се загреваат да бидат млаки. Се додаваат во садот со квасецот и се растопува. Се додаваат 3 чаши брашно и убаво се мешаат со лажица. Се покрива садот и се остава да стаса тестото.
2. Преостанатите состојки се мешаат и заедно со маслото се додаваат во тестото и убаво се замесува. Тестото треба да биде меко замесено и според тоа видете дали ви е потребно уште брашно од тоа наведено во состојките (јас додадов).
3. Откако убаво ќе го измесите тестото, поделете го на два дела. Секој дел расукајте го во правоаголник, премачкајте го со по две лажици растопен путер, посипете со трошките и на крај со филот од праски.
4. Потоа тестото свиткајте го во ролат и сечете ролнички со дебелина од околу 1 см. Наредете ги во подмачкан плех, посипете ги со малку од трошките и оставете ги да стасаат. Печете ги на 180Ц додека не се зацрвенат.
5. Печените ролнички премачкајте ги со малку глазура
За трошките
1. Сите состојки измешајте ги, додадете го ладниот путер и со прсти измешајте го за да се направат трошки. До употреба чувајте го во фрижидер.
За филот
1. За филот може да употребите мармалад од праски и ако имате тогаш прескокнете го овој чекор. Ако немате, филот направете го на тој начин што излупените и исецкани праски ќе ги проварите на оган заедно со преостанатите состојки додека не се добие густ фил
За глазура
1. Се мешаат шеќерот во прав со млекото додека не се добие густ прелив
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
подготвувам нешто слично но во солена верзија:)
ЧО НАПАИ БЕЕЕЕЕ?!?! :) :) :) :)
феноменално :)