Праска
Хранливи вредности на праската:
Вксуните и многу популарни праски потекнуваат од Кина. Од таму се распространиле низ целиот свет преку древниот пат на свилата. Припаѓаат на родот Prunus; во фамилијата rosaeae и имаат научно име Prunus persica.
Технички, се работи за плод со јатка, кој има слични карактеристики како другите членови на родот prunus, како што се: сливите, нектарините, бадемите и модрите сливи.
Растението може да се опише како мало, листопадно дрво кое расте од 7 до 9 метри. Се одгледува на многу места во Европа, САД и Кина, поради сочните плодови. Постојат голем број различни сорти низ целиот свет, кои, во зависност на земјата од која потекнуваат, се разликуваат според бојата, големината и карактеристиките на растење.
Вообичаено, праската раѓа голем број плодови, со речиси еднаква големина, во периодот помеѓу мај и септември. Плодовите имаат големина на мало јаболко, со дијаметар од 7 до 10 сантиметри и тежина од приближно 130 грама. Имаат влакнеста површина, со вдлабнатини по целата должина на плодот, од дршката, до спротивниот крај. Во зависност од сортата, семката може да е разлабавена или пак цврсто прицврстена за месото.
Сплесканите или Сатурн праски имаат облик на диск и разлабавена семка во јадрото. Имаат сличен вкус како и обичните праски.
Внатрешно, пулпата е сочна и, во зависност од сортата, има кремасто-жолта и валкано бела боја. Семката се наоѓа во центарот на плодот. Семката не се јаде. Плодот има благо-киселкаст вкус и пријатна арома.
Здравствени придобивки од праските:
- Прекрасната вкусна праска има ниска калорична вредност (само 39 калории во 100 грама) и не содржи заситени масти. Од друга страна, преполна е со состојки корисни за здравјето, витамини и минерали.
- Тоталната измерена антиоксидантска јачина на 100 грама праска е 1814 ТЕ (Тролекс еквиваленти).
- Праските се и многу добар извор на антиоксидансот витамин Ц. Витаминот Ц има антиоксидантски ефекти и е неопходен за синтеза на сврзното ткиво во телото. Конзумирањето храна богата со витамин Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективните агенси и да ги собере штетните слободни радикали.
- Свежите праски се исто така и умерен извор на витамин А и бета-каротин. Бета-каротинот е про-витамин, кој се претвара во витамин А во телото. Витаминот А е клучен за добриот вид. Исто така е неопходен за одржување на здрајвето на слузокожата и кожата. Конзумирањето овошје природно богато со витамин А нуди одредена заштита од рак на белите дробови и усната празнина.
- Праските се богати со голем број минерали, како што се: калиум, флуор и железо. Железото е неопходо за создавање на црвените крвни зрнца. Флуорот е составен дел на коските и забите и е важен за спречување на кариесот. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага при регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок.
- Праските содржат голем број флавоноидни полифенолни антиоксиданси кои го одржуваат здравјето, како што се: лутеин, зеаксантин и бета-криптоксантин. Овие состојки служат како заштитни собирачи на оксигенските слободни радикали и реактивните оксигенски видови кои играат улога во процесот на стареење и развојот на разни болести.
Избор и складирање:
Праските се достапни во текот на целата година, но најквалитетни се во периодот од мај до октомври. Во продавниците, барајте ги свежите праски со изразена боја, кои можат да имаат и белкаст сјај, што е индикатор дека не се премногу допирани.
Избегнувајте ги оние што премногу меки, имаат омекнати делови или засеци на лушпата. Зрелите плодови попуштаат под нежниот притисок и оддаваат блага арома.
Тврдите зрели праски можат да се чуваат на собна температура додеак целосно не узреат. Процесот на зреење може да се забрза со користење етилен, слично како при процесот на зреење на бананите. Чувањето во хартиена ќеса го концентрира овој гас и дополнително го забрзува процесот.
Зрелите праски можат да се стават во фрижидер, но треба да се прилагодат на собна температура пред јадење, за да можете да уживате во полниот вкус.
Сувите праски се достапни во специјализираните продавници, заедно со: сувото грозје, сувите кајсии, сувите урми и др.
Употреба во кујната:
Измијте ги со студена вода од чешма, токму пред да ги јадете. Свежите зрели праски треба да се јадат такви какви што се, со лушпата. Во спротивно, пресечете го овошјето на половина, додека ја допрете семката. Извадете ја семката и разделете го плодот на половина. Лушпата може да се излупи со нож, исто како кај јаболката.
За брзо да излупите праска, засечете мал крст близу до долниот дел. Потопете ја во зовриена вода, само за миг и потоа веднаш потопете ја во студена вода, за брзо да се излади. Потоа едноставно започнете да влечете на засечените делови кај крстот и лушпата сама ќе се оддели од месото.
Совети за приготвување:
- Парчињата праска се одличен додаток за секоја овошна салата.
- Свежите плодови се користат на најразлични начини за приготвување овошни коктели, заедно со: грозје, ананас, цреши и сливи.
- Праските се користат и за приготвување пити, баклава, десерти, џем, торти и др.
- Праските исто така можат да се користат и за приготвување на најразлични традиционални рецепти.