1. Чоколадото со зејтинот се топат во сад на пареа (јас додадов розова боја помалку и повеќе во два сада со по 100 гр бело чоколадо, за да бидат со различна нијанса ружичките)
2. Со помала четка се премачкуваат силиконските калапи во еден слој
3. Се оставаат да се здрви чоколадото околу 10 минути во фрижидер
4. Постапката со премачкување со чоколадото се повторува уште еднаш и пак се оставаат калапите да се здрват
5. Млекото, маргаринот и шеќерот се растопуваат додека да зовријат и се трга од огинот
6. Во зовриената течност се додаваат бисквитите и кокосот и се меша да се соединат
7. Со оваа смеса се полнат претходно премачканите калапи со чоколадо
8. Пак се оставаат калапите во фрижидер околу 30 мин да се излади смесата
9. Се растопува црното чоколадо со 3-4 лажици зејтин во сад на пареа
10. Калапите се дополнуваат со црно чоколадо, кое ќе служи како дно за ружичките
11. Се оставаат пак да се здрват ружичките околу 30 мин во фрижидер, се вадат од калапите и се служат во хартиени корпици

- Лесни се за правење и вкусни. Единствен проблем е што мора да се чека после секоја постапка одредено време за да се здрват состојките.
- Јас ги правев во подлабоки силиконски калапи, па ми излегоа околу 16 парчиња. Добри се за новогодинешните празници, бидејќи можат да се замрзнат, но и подолго да стојат во фрижидер без да се расипат, бидејќи состојките кои ги содржат не се брзо расипливи.
  Пријатен апетит !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани