За жал немам услови да направам домашни јуфки, но затоа се тука тетките да те израдуваат =) .. Најчесто ги подготвувам по овој рецепт.
Според тетка ми на 100гр. јуфки одат 500мл. вода, па така и си применувам.

1. Ставете 1 литар вода со 3 лажици зејтин да зоврие. Во друг сад на страна разматете ја павлаката со останатите 300мл. вода (вкупна количина течност 1,5л.)
2. Тавчето во кое ќе печете намрсете го убаво со маргарин и потоа започенете со редење, ставете ред од јуфките па издробете од сирењето и попрскајте од разматената павака, редете се додека не се потрошат јуфките, па завршете со сирење од горе. Потоа со црпалка прелијте со зовриената вода. Затворете со алуминиумска фолија и ставете во загреана рерна да се пече. По 15мин. извадете ја фолијата и оставете да се пече додека јуфките не ја впијат целата течност и да добијат златно-жолта боја.
Оставете малку да се излади па послужете.

Добар апетит =)

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови