Јуфки со пржени јуфки - ундиета, ЈХ ден (посно)
Да знаат бабиве дека со нивните рецепти диети тераме... ехеее =))
Јуфките варете ги на вообичаениот начин. Во врела вода додадете ги јуфките и намалете ја јачината на огинот.
Помалата количина на јуфки искршете ја со раце со парчиња, големина по желба. Во мало тавче ставете масло колку да го прекрие дното и убаво зарејте го. Додадете ги кршените јуфки и пропржете ги додека да заруменат.
Пропржените јуфки додадете ги во садот со сварени и процедени јуфки и убаво промешајте. Внимавајте кога ќе ги додавате пропржените кршени јуфки, може да прска маслото.
Оние кои не постат или малку ја заобиколуваат ундиетата може да додадат малку рендано сирење.
Лиценца: Сите права се задржани
ФАЛА. знам дека е лигаво, ама некако многу се радувам кога некој ќе направи нешто по мој рецпет :)
нека ви е на здравје :*