Испечати

Јуфки со пржени јуфки - ундиета, ЈХ ден (посно)

Јуфки со пржени јуфки - ундиета, ЈХ ден (посно)

Состојки

  • 500 гр јуфки
  • малку масло за пропржување
  • 50-100 гр кршени јуфки
  • сол, бибер и други зачини по желба
  • рендано сирење за не посна варијанта

Подготовка

Да знаат бабиве дека со нивните рецепти диети тераме... ехеее =))

Јуфките варете ги на вообичаениот начин. Во врела вода додадете ги јуфките и намалете ја јачината на огинот.

Помалата количина на јуфки искршете ја со раце со парчиња, големина по желба. Во мало тавче ставете масло колку да го прекрие дното и убаво зарејте го. Додадете ги кршените јуфки и пропржете ги додека да заруменат.

Пропржените јуфки додадете ги во садот со сварени и процедени јуфки и убаво промешајте. Внимавајте кога ќе ги додавате пропржените кршени јуфки, може да прска маслото.

Оние кои не постат или малку ја заобиколуваат ундиетата може да додадат малку рендано сирење.