Еве една варијанта на торта со редени бисквити, со прекрасен спој на вкусови, едноставна и лесна.
1. Во сад ги ставаме пудинзите, дел од шеќерот и мешаме. Ставаме 200 мл. од млекото и изедначуваме да нема грутчиња, а остатокот од млекото, ванилиниот и останатиот шеќер ги ставаме во тенџере да зовријат.
2. Вариме пудинг мешајќи до згуснување, го тргаме настрана и го додаваме белото чоколадо, мешаме до убаво спојување. Оставаме да се излади сосем.
3. Маргаринот/путерот го матиме заедно со белиот еурокрем, го соединуваме со изладениот пудинг и матиме да добиеме мазен фил.
4. На табла/послужавник редиме 16 бисквити претходно кратко потопени во ладно млеко, премачкуваме со 1/3 од филот, постапката ја повторуваме со втор ред бисквити па фил, трет ред бисквити и фил.
Украсуваме со рендано бело чоколадо, лешници, или по желба.
5. Тортата ја оставаме во фрижидер неколку часа.

(506)

 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани