Оревите се сецкаат, чоколадото се ренда и заедно со гризот се мешаат во поголема чинија. Потоа се полнат корите на следниот начин. Секоја кора се превиткува на половина и на почетокот се става една супена лажица од полнежот в долж почетокот на кората и се витка во танка и стегната пура. Се редат едно до друго во предходно намачкан плех со маргарин. Кога редот ќе се наполни се одсекуваат краевите кои се подолги. И следните кори се редат напречно во плехот и така со ред да се наполни. Се сечат на половина. Се печи во зависност од вашата рерна. Да добие убава боја. Потоа се остава да се олади убаво.

Шербетот се вари со ванилите и исечениот лимон на кругови. Убаво да се згусни малку, но не премногу. Затоа што нема да впие убаво ако е многу густо.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови