Божиќна, триаголник баклава со фил од орев, чоколадо и аранчини
Баклавава е фамознааааа......
Токму со Божичен шмек.....Однадвор крцкава, ароматична, со прекрасно полнење
Идеална е да се подготви за предстојниот Божиќ.
Како си ја замислив, така ја подготвив, пресреќна сум од исходот....
Прво корите ги делиме на половина со нож.
Ги покриваме со чиста кујнска крпа за да не се сушат, додека ја приготвуваме баклавата.
Во нутрибулет ги сецкаме аранчините и чоколадото.
Во еден сад ги спојуваме сецканото чоколадо, аранчините и мелените ореви.
Во мал сад на тивок оган ги спојуваме путерот и маслото.
Земаме парче кора, танко со четка ја премачкуваме со маснотијата, ја предиплуваме по должина уште еднаш.
На почеток на кората ставаме полна лажица од веќе подготвеното полнење.
Виткаме триаголник.
Вака ги подготвуваме сите триаоголници и ги редиме во тенко намастен плех.
Многу тенко со четка одозгора ги премачкуваме со остатокот на маснотијата.
Печиме околу 40 минути на 160-170 степени.
За тоа време во касерола налеваме вода, додаваме шеќер и парченца аранчини.
Од кога ќе зоврие шербетот нека вари 3-4 минути.
Тргаме од оган и оставаме да се излади.
Испечените триаголници ги преместуваме во чист плех, за да не се осети случајно маснотијата која била во плехот при печењето, и ги прелеваме со млакиот шербет.
Оставме 5 часа на ладно, па послужуваме
Лиценца: Сите права се задржани
Nazdravje da vi e Vale, i na tvoeto semejstvo i na Maja
ovaaa baklava uste mnogu pati ke ja podgotvam, bidejki enostavno e... volsebna