Ова е многу слична по вкус, но поскратена и побрза верзија на Прокељ кремисимо специјалитет,  па не бара многу трошење време, ниту друг додаток додека се јади и можи да биди слободно коплетен оброк без леб и убаво да ве најади.

Сварете ја коцката за супа. Кога водата ќе проврие ставете го изчистениот прокељ да се вари најмногу 10 мин. Извадете го со решеткаста лажица и ставете го исчистениот и на парчиња исечен морков да вари околу 13на мин. па извадете го.

Во тавче на малку маслиново масло испржете го ситно сецканиот кромид, да стани стаклест. Додадете ги прокељот и морковите и пржете со постојано мешање уште 5 минути.

Потоа додадете ја павлаката и триаголниците топено сирење.
Додавајте од зачините и посолете. Раководете се по вкус.
Откако сирењето ке се растопи и содржината се малку се подзгусти, тргнете од шпорет – готово!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани