Кромидот ситно исецкајте го, а сувомеснатото исечете го на средни коцки. Овде јас употребив печеница (таа ми се најде во фризот).
Ставете ги заедно да се запржат во тава со маслото, малку да омекнат. Потоа додајте го грашакот, налејте го со водата и додајте ги зачините по вкус. Оставете да вари додека течноста испари и зрната грашок омекнат.
Зависно од тоа колку грашакот брзо се вари, водата додавајте ја по потреба, ако треба и повеќе.
Вака подготвениот грашок може да го послужите како прилог на печено месо или како самостоен ручек со некоја салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани