Ситно исецкајте го кромидот и пропржете го на малку маслиново масло. Тука е моментот, кој сака да си додаде и печурки. Додадете го меленото месо и пржете го додека се испржи и течноста испари, па зачинете. Исклучете ја ринглата и додадете ја прво слатката павлака. Убаво измешајте, па додадете го јајцето повторно мешајќи.
Премачкајте ја секоја палачинка со фил и завиткајте ја во ролна.
Редете ги палачинките една до друга во огноотпорен сад во еден или 2 реда, спрема големината на тавата која ќе ја одберте.
Разматете ги јајцата со киселата павлака, па потоа и со павлаката за готвење, малку посолете и прелијте ги палачинките.
Печете во загреана рерна од 200 степени 20на минути или малку подолго ако е потребно.
Вкусни се и топли и ладни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани