Прелиени палачинки со мелено месо
Ситно исецкајте го кромидот и пропржете го на малку маслиново масло. Тука е моментот, кој сака да си додаде и печурки. Додадете го меленото месо и пржете го додека се испржи и течноста испари, па зачинете. Исклучете ја ринглата и додадете ја прво слатката павлака. Убаво измешајте, па додадете го јајцето повторно мешајќи.
Премачкајте ја секоја палачинка со фил и завиткајте ја во ролна.
Редете ги палачинките една до друга во огноотпорен сад во еден или 2 реда, спрема големината на тавата која ќе ја одберте.
Разматете ги јајцата со киселата павлака, па потоа и со павлаката за готвење, малку посолете и прелијте ги палачинките.
Печете во загреана рерна од 200 степени 20на минути или малку подолго ако е потребно.
Вкусни се и топли и ладни.
Лиценца: Сите права се задржани
Nego proveri nesto vo sostojkite da ne fali ili jas sum greska.Jajce kaj filot i slatka ili kisela pavlaka ? Izvini ama sakam da gi napravam me nastrvi :)
Милиии! :) Фали и тоа како. Фали едно јајце за во филот со месото. Јас само отворив да ѕирнам 5 мин. помеѓу излегувања, ама за вакви хитни случаеви, мора да се прискочи во помош, макар и ваква ;) Да ми беше поблиску, немаше да те оставам сега да ми готвиш да се мачиш, од мене че ти беа направени :*
Palacinkite se super, utre imam gosti pa obavezno ke gi probame
Верче, се надевам дека гостите биле задоволни ;) Светле, ајде на следната тура, овие одма испарија :)))