11
јун
2013
Прелиени лепчиња во пица
Врти сучи пак нешто со вкус на пица ама тоа е кога толку многу ја сакаме мора да наоѓам интересни начини за припрема,како демек нешто друго, а пак суштината е таква.
Јајцата се матат со виљушка како за пржени лепчиња, го натопуваме секое парче леб во нив, ги редиме едно до друго во намастено тавче, над нив се премачкува кечап, оригано, сите состојки останати рендани или сечкани тоа е прашање на избор најгоре кашкавалот и уште малку оригано (кој како сака).
Се печи на 200. Брза и убава верзија на појадок вообичаено зашто некако доста калорична е за вечера ...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови