Прелиени лепчиња во пица
Состојки
- 6-8 парчиња леб по избор,масло по потреба
- 2 живи јајца,малку млеко(1-2 лајци)
- 100 гр. бело сирење,кечап по потреба
- 200гр. кашкавал,оригано
- 100-тина гр. пилешка шунка
Подготовка
Врти сучи пак нешто со вкус на пица ама тоа е кога толку многу ја сакаме мора да наоѓам интересни начини за припрема,како демек нешто друго, а пак суштината е таква.
Јајцата се матат со виљушка како за пржени лепчиња, го натопуваме секое парче леб во нив, ги редиме едно до друго во намастено тавче, над нив се премачкува кечап, оригано, сите состојки останати рендани или сечкани тоа е прашање на избор најгоре кашкавалот и уште малку оригано (кој како сака).
Се печи на 200. Брза и убава верзија на појадок вообичаено зашто некако доста калорична е за вечера ...